28 Март, 2024
0.0288

Сисон: Границите на Западен Балкан се дефинирани и непроменети

Објавено во: Свет 17 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Заменик-амбасадорот на САД во ОН, Мишел Сисон повика на продолжување на дијалогот меѓу властите во Србија и Косово и за намалување на тензиите меѓу двете земји. 

Сисон ги  повика Белград и Приштина да го исполнат веќе договореното меѓу нив. 

„Ги повикуваме сите лидери од регионот да избегнуваат провокативни изјави и да се концентрираат на работите кои ќе доведат до напредокот на нивните земји. Границите на Западен Балкан се дефинирани  и непроменети” - изјави Сисон.

За време на редовниот дебата за состојбата во Косово, кој се одржува секои три месеци, се стигна до остри спорови меѓу претставниците на Русија, Велика Британија, Кина, Србија и Косово.

Шефот на мисијата на ОН во Косово / УНМИК / Захир Тани предупреди за опасните последици кои може да ги имаат националистичките манифестации и изјави. 

Тој ги осуди изјавите на албанскиот премиер, Еди Рама и на косовскиот претседател, Хашим Тачи за можното обединување меѓу двете земји, ако ЕУ продолжи да ги одложиува евроинтеграциите.

Српскиот министер за правда, Нела Кубурович вели дека Приштина  го користи дијалогот како средство за притисок и рекет спрема европските и српските партнери. Таа го постави прашањето за постоењето на српскиот народ во Косово и вели дека во изминатиот период немало никаков напредок.

Амбасадорот на Косово во САД, Флора Цитаку, рече дека “Резолуцијата 1244” одамна е во историјата и ги повика амбасадорите да го посетат Косово и да се запознаат со ситуацијата на теренот.

Според заменик-рускиот амбасадор во ОН Владимир Сафронков со месеци дијалогот меѓу Приштина и Белград се наоѓа во ќорсокак. Според него, “создавањето на армија на Косово е во директно кршење на Резолуцијата 1244”. Москва жестоко ги осуди изјавите на Рама и Тачи во врска со обединувањето на двете држави. Оваа позиција беше поддржана и од претставникот на Кина.

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти