СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО ХОЛАНДИЈА: Изборите важни за иднината на Европа!
Објавено во: Свет 15 Март, 2017
Почнаа парламентарните избори во Холандија, кои се сметаат за едни од најважните за Европа. 20-милионскaта држава е првата во Западна Европа, на која паѓа одговорноста да покаже дали популизмот има иднина на Стариот континент. Експертите стигнуваат и подалеку, нарекувајќи ги денешните избори како залог за иднината на Европската унија.
Денешното гласање е прво во Европа по двете глобални турбуленции - Брегзит и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Оваа година парламент ќе избираат и други две големи европски економии - Франција и Германија.
До декември на врвот по популарност беше крајно десниот популист Герд Вилдерс, но во последниве недели тој почна да попушта за сметка на премиерот Марк Руте. Трендот се потврди и по синоќешната телевизиска дебата.
Тензиите помеѓу Турција и Холандија и дадоа нов поттик на предизборната дебата, но засега не е јасно кој од двајцата политичари - Марк Рутеили Герд Вилдерс, ќе бидат погодени од скандалот.