20 Април, 2024
0.0287

Мариглен Демири:

СЈО е во канџите на власта

Се плашам дека двата постигнати договори – оној од минатата година и овој од оваа година Пржино 1 и Пржино 2 не ги постигнаа целите на граѓанското општество

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Се плашам дека двата постигнати договори – оној од минатата година и овој од оваа година Пржино 1 и Пржино 2 не ги постигнаа целите на граѓанското општество, а во исто време не потпомогнаа политичката клима да се трансформира во конструктивна и демократска можност за процесирање на криминалните но и политичките проблеми кои се јавија последниве години” - вели за Фактор, Мериглен Демири од Левица.

Постојаните и оркестрирани медиумски анти-СЈО кампањи од почеток на функционирањето на оваа институција па се до денес според него создаваат чувство на нелагодност и несигурност. Се плаши  дека  намерите на власта да се укине оваа институција се зголемуваат, а со тоа и притисокот во јавноста.

 “Оваа власт во своето владеење покажа дека не ги сака неистомислениците, не ги сака оние кои се незадоволни, во оваа држава човек не смее да е незадоволен на толку многу “убавини”. Живееме во држава во која другоста се демонизира, за другиот се гради имиџ на најголем непријател и конспиратор, оваа држава многумина потенцијални критички ликови придонесе да ја напуштат само поради тоа што истата не е спремна да ги прифати како дел од сопствениот организам”- додава Демири.

Идејата за повторно активирање на Шарената револуција во знак на подршка на работата на Специјалното јавно обвинителство вели дополнително ја поттикна комисиската расправа во Собранието каде наместо за суштински теми околу работата на ова тело се претвори во мегдан за меѓусебни препукувања на пратениците.

За него и за уште двајца членови од Левица се поднесени кривични пријави за учеството на протестите на Шарената револуција годинава. Вчера на барање на Државното правобранителство за дополнително разгледување на доказите на одбраната и подготвување за да се произнесе за штета, беше одложена судската расправа. Мариглен Демири се товари како еден од демонстрантите кои ја демолирале Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов.Ова според партијата е отворен политички прогон врз највиското раководство на Президиумот.

“Јас се надевам дека колку-толку ќе биде праведен овој процес, иако секој процес е макотрпен и има таков кафкијански последици врз личност, односно врз мене. Се одложи поради неспремноста на правобранителот да влезе во расправа за овој предмет. Смешно е обвинението, меѓутоа земајќи предвид како се интерпретира правото од страна на институциите не зачудува истото”- нагласува членот на Левица.

 Демири беше дел од Студентските протести, окупацијата и автономните зони на УКИМ, кога студентите револтирани од измените на Закон за високо образование бараа реформи  кои ќе го вратат знаењето, квалитетот  и универзитетската автономија. Но јасно изразените ставовови вели им пречат на неистомислениците особено ако доаѓаат од нова политичка опција.

“Мислам дека досегашните партии кои функционираат на Фараонскот принцип и кои од себе ја отуѓиле демократијата во секоја структурна и идејна перспектива, ја гледат Левица како страно тело. Луѓето на Левица се претежно поединци кои се запознале по протести последниве 7-8 години, кои организирале протести, кои учествувале на многу иницијативи и кои на крај создале политичка партија со многу поголем демократски капацитет во однос на останатите политички партии, особено оваа која владее. Ние се залагаме пред се за демократско општество, пред се социјално егалитарно, социјалната правда ни е носечки столб во целата политичка визија како предуслов за демократизација на општеството и државата и органско единство помеѓу власта како извршно тело, парламентот како законодавно и граѓаните како суверени. Јазлите на поврзување на овие инстанци во моментов не само што ги нема, туку истите се во спротивставеност. Имаме случај кога власта работи директно против граѓаните, а не во служба на граѓаните. Ние сметаме дека државата и институциите пред се мора да им служат на граѓаните и нема идеја која е над идејата за благосостојба на народот”- објаснува Демири.

За аномалиите на системот според него се знаеше од поодамна, меѓутоа граѓаните како што вели многу наивно ги прифаќаа предлозите на политичките партии кои договараа услови за кои и самите знаат дека не се спроведливи и нема да создадат конструктивен амбиент за соработка и завршување на оваа негативна епизода од историјата на земјава. Патот за излез од кризата како што вели нема да биде лесен поради се посилните притисоци и закани. Следниов период очекува затегнување на обрачот.

“Тоа не само што очекуваме, туку јас лично сум и сигурен дека ќе го има. Битно знаеме дека нема услови за демократски избори, знаеме дека си имаме работа со криминалци кои никако не го оставаат кормилото од власта и дека направена е окупација на се живо и диво во државава од нивна страна. Се исклучувале лифтови, се тепале поединци кои агитирале за спротивната страна, се чепкало по „црните вреќи“ со гласачки ливчиња, се поткупувале гласачи со по 500 до 1000 денари итн. Не ми се верува дека ќе има големи промени и на 11 декември. Тешко ќе биде, но нема да биде неостварливо”- потенцира Демири.

Тој очекува промени во однос на општествените текови, особено помеѓу луѓето. Релаксирани односи и воспоставување на некакво примирје помеѓу граѓаните кои раскарани после политичките јазови не сакаат да се погледнат во очи.

 “Тоа треба да се промени, исто така да се промениме и ние, да станеме потолерантни, да бидеме посолидарни, да успееме да ги прифатиме другите со се сите нивни доблести и маани. Мислам дека промените секогаш треба да одат од доли кон горе, особено кога станува збор за проблеми со ваква пропорција. А за промени во институциите и државата, за тоа ќе треба навистина малку време. Ќе треба санирање на многу последици од ваквото распашано владеење без срам и без перде. Епилогот од изборите доколку се случат треба да отвори перспективи ќе ги ослободи како потенцијал изборниот циклус. Да не заборавиме наредн година на пролет ќе имаме други избори, локалните. За тоа требаат многу средства и енергија. Особено првото, а ние сме релативно сиромашна држава која живее од заеми. Се надевам дека навистина ќе се случат некои промени со пошироки тектонски рокади во политичката сцена и истите ќе овозможат нов реалитет кој ќе биде траса за поеднаква, порамноправна и подемократска Македонија”- завршува Демири.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?