Добивај вести на Viber
Специјалното јавно обвинителство денеска треба да го претстави извештајот од работењето за последните шест месеци пред пратениците на македонското Собрание.
Извештајот СЈО треба да им го предаде на претседателот на Собранието Талат Џафери и на претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штериев.
Спикерот потоа Извештајот за работата на СЈО ќе може да го стави на собраниска седница, на која се очекува Јанева да презентира, но дали ќе има дебата меѓу пратениците се уште не е утврдено.
Во март годинава, обвинителката Јанева немаше можност да одговара пред пратениците, поради политичката криза. Извештајот од септември минатата година, стигна само во собраниската Комисија за политички систем, на која не успеа да биде усвоен поради долгите дискусии на членовите на Комисијата. Извештајот не стигна на пленарна седница поради изборите што се одржаа на 11 декември.