Скандал во Министерството за култура: Кој сака да се „офајди“ во името на Bernays Propaganda?
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2018
Македонската филхрамонија во понеделникот доби преку четири илјади евра од Министерството за култура на Македонија за концерт на групата Bernays Propaganda со истата таа Македонска филхармонија за концерт кој е наводно планиран за 27 aприл. Тоа би биле одлични вести групата Bernays Propaganda да знаеше било што за тоа.
Значи, постојат сомненија дека се работи за измама и проневера на средства на начин, дека засега уште непознати сторители се „офајдиле“ од името и угледот на македонскиот состав со меѓународен углед. Имено, за да се аплицира воопшто за натпреварот боло потребно да се добие писмена согласност од страна на членовите на групата Bernays Propaganda.
Васко Атанасоски, гитарист на групата тврди дека никој не барал нешто такво од нив, па и дека повеќе од очигледно е дека Bernays Propaganda ги фатиле државните структури во криминал. Во овој момент уште не се огласиле одговорните а Атанасоски вели дека е во подготовка и тужба.
Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, тука.