СКАПИ НЕДВИЖНИНИ: Цените скокнаа поради Арапите
Објавено во: Балкан 04 Септември, 2017
Поради Арапите и дијаспората скокнаа цените на недвижниот имот летово во БиХ.
Во Мостар цените скокнале за 10 до 15%, потврдуваат од агенциите за недвижности.
Во овој град стари станови скоро и да нема за продажба.
Во Сараево се бараат најчесто станови од 50 квадрати, но цените незначително се зголемиле.
Требиње е град каде масовно се продаваат станови и тоа за еден месец се продадени 80 станови.
Во овој град се градат нови 350 станови.