28 Март, 2017
0.3636
    ALK 5700.04    0%     ALKB 18510    0%     BESK 11200    -1.76%     CEVI 865    2.98%     GRNT 680.28    0.04%     KMB 2800.75    -0.34%     MB 36300    0%     MPT 27500    -0.58%     MTUR 3518.35    0.75%     OHB 4900    -1.01%     REPL 44000    2.33%     RMDEN15 95    0%     SBT 1281.8    0.06%     STB 893.89    -0.68%     STIL 75    0%     TEL 250    -1.96%     TETE 1100    6.69%     TNB 10900    0.93%     TPLF 900    -2.17%     TTK 758    -2.94%

Скапиот долар и политичката несигурност-главни кочници за посилен глобален раст

Објавено во: Анализа 08 Март, 2017

Глобалната економија ќе добие постепенa брзина во оваа и наредната година благодарение на фискалните стимулации во водечките економии.

Заканата за ризици поврзани со финансиската ранливост, политичката несигурност, економскиот национализам и разлики во политиките спроведени од централните банки, сепак може да излета од шините на тоа обновување, се наведува во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Базираната  во Париз организација продолжува да очекува проширување на светската економија со 3,3% оваа година (по раст од 3 отсто во 2016 година) и забрзување на растот до 3,6% во 2018 година - без промена во однос на нејзините претходни проценки направени во минатиот ноември.

ОЕЦД сепак, предупреди дека прекинување на врската помеѓу финансиските пазари и економски фундаменти, потенцијалната пазарна нестабилност, финансиската ранливост и политичката несигурност, можат да доведат до неуспех на ова скромно економско заздравување.

Според главниот економист на организацијата - Кетрин Ман, финансиските пазари почнаа да се оттргнуваат од економската реалност, а неодамнешното поскапување на американските акции и на останатите финансиски средства не одговара на уште послаба потрошувачка и бизнис инвестиции.

Со оглед на широко очекуваното стабилно зголемување на американските камати, ОЕЦД укажува дека тоа може да доведе до остри валутни флуктуации. Тоа пак може да ги изложува на ризик должниците од новите пазари кои теглеа во последните години евтини доларски кредити, особено што се однесува за земјите со прекумерни нивоа на задолженост во приватниот сектор, како што е случајот со Кина.

ОЕЦД направи слаба нагорна ревизија на прогнозата за економскиот раст во САД оваа година до 2,4% од 2,3% во ноември, но во исто време се очекува помалку забрзување на американскиот раст во 2018 година година со 2,8% наместо со 3 отсто бидејќи поголемите државни трошоци ќе го компензираат само делумно негативниот ефект од зголемувањето на камати и од силниот долар.

За еврозоната се очекува стабилен економски раст од 1,6% во оваа и следната година, откако во ноември ОСИР прогнозира раст од 1,6% во 2017 година и од 1,7% во 2018 година.

Организацијата со седиште во Париз, исто така, очекува дека растечката инфлација во Велика Британија ќе влијае на локалните корисници и ќе ги ограничи бизнис инвестициите, што ќе доведе до забавување на британскиот економски раст до 1,6% во оваа и до 1% во 2018 година. Во претходниот извештај ОЕЦД прогнозира раст на БДП на Велика Британија со 1,2% во 2017 година и со 1% во следната година.

Јапонската економија се очекува да се зголеми со 1.2% во оваа година (при претходна прогноза за раст од 1 отсто), по што растот на БДП сепак ќе се забави до 0,8% во 2018 година (без промена во однос на оценката на организацијата во ноември) .

Според ОЕЦД економијата на Кина ќе се прошири со 6,5% во оваа и со 6.3% во следната година.

Можеби ќе ве интересира

Каде оди Република Македонија?

Каде оди Република Македонија?