25 Април, 2024
0.0286

СКИЈАЧИТЕ РАЗОЧАРАНИ: Алпите се соочуваат со голи падини четврта година по ред

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Трета година по ред скијачите во Алпите бараат снег.

Сувиот декември го помрачи почетокот на ски сезоната во земјата и луѓето ги очекуваат со нетрпение снежните врвови, пишува Bloomberg. Постудениот јануари ги подобри малку условите, но непредвидливото време на почетокот на сезоната ја намали продажбата на билети во одморалиштата и промени многу планови за ски празниците.

По предвремено дивите бури во ноември, кои покренале лажни надежи за добра сезона на Алпите, декември донесе помалку снег во Швајцарија откога и да е во последните 100 години.

Во Јонгфрау околу туристичките населби Венген и Гринделвалд туристите се помалку за 25% од почетокот на сезоната.

Во минатата недела врнежите достигна до голем дел од Европа, вклучувајќи и до крајбрежниот град Таормина во Сицилија, познат по своите сончеви медитерански глетки. Делови на Алпите, особено Австрија и Источна Швајцарија, исто така беа покриени со снег, но на запад летувалишта како Шамони и Вал Дизер во Франција се едвај побелени.

Останува варијантата за вештачки снег, кој ќе ја подобри снежната покривка на падините. Прогнозите сепак покажуваат дека во наредните денови се очекуваат нови врнежи, но и покрај тоа тие остануваат доста под просекот за ова време од годината.

„Оваа година моите ски чевли се уште се во кутијата“, вели Мауро Лос кој е сопственик на ски училиште во Тренто, Северна Италија. „На 2 500 метри височина чевлите се покриваат само со прашина“, објаснува тој.

Според климатолозите непостојаното време, како постојано висок притисок, одговорен за сувите услови над Алпите во декември, само може да е знак за последиците од климатските промени.

„Не може да очекуваме работите да се исти како пред 50 години“, коментира Рето Кнут, професор на Швајцарскиот институт за атмосферски и климатски истражувања. Според него до крајот на векот снежната линија над која секогаш има снег, ќе биде меѓу 500 и 700 метри повисока од сега, а со текот на времето снег ќе има помеѓу четири и осум недели помалку.

Сезоната во Швајцарија веќе започнува 12 дена подоцна и завршува 26 дена порано отколку во 1970 година, објаснува и Мартин Ребетес, професор на Универзитет, кој заедно со своите колеги истражува податоци од 11 алпски метеоролошки станици во текот на четири децении.

Некои британски туристички агенции им дозволуваат на туристите да ја менуваат резервацијата, ако на местото што се резервира за ски, нема снег или обезбедуваат дополнителен превоз до места со соодветни услови.

Независно од влошените услови сезоната според туроператорите ќе биде приближно иста како минатата година.

Можеби ќе ве интересира

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!