25 Април, 2024
0.2443

АМАТЕРСКИ ХУМАНИТАРЕН ВЕЛЕСЛАЛОМ ВО МАВРОВО

Скијајте хумано за лицата со интелектуална попреченост

Објавено во: Мои пари 30 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Ски Центарот Маврово, од 3-ти до 5-ти февруари 2017, го организира 15-тиот аматерски хуманитарен велеслалом на патеката од Галичкиот ски лифт. Со организирање на овој настан ќе се покаже хуманоста на аматерите, кои собраните средства, ќе ги донираат на Републичкиот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост ПОРАКА.

Компаниите може да пријавуваат екипи составени од 3 учесници - скијачи, кои ќе се натпреваруваат два дена во квалификационa и во финалнa тркa. Секоја компанија може да пријави повеќе тимови. Котизација за пријавување на еден тим изнесува 12.000 денари и тимовите скијачи може да се пријават на: http://eepurl.com/cyejWH

Натпреварите се организирани професионално. Скијачкиот Центар од Маврово, во соработка со Скијачкиот сојуз на Македонија, изготви програма и пропозиции по кои ќе се одвиваат квалификационите и финалните трки. Времето на трката ќе се мери електронски. Директор на трките е реномираниот меѓународен судија, Виктор Крстевски-Викса, а традиционално, главен судија на натпреварувањето е Јохан Елзесер. За овој настан, патеката ќе ја постави Александар Атанасовски - Чаве од Алпскиот скијачки клуб “СКАДИ”.

На хуманитарниот велеслалом веќе се пријавени тимови од голем број компании, како Македонски Телеком (секогаш е главен поддржувач и спонзор на самиот настан), потоа ОнеВип, телевизија Канал 5, Некстсенс, Комерцијална Банка, Горска, НЛБ пензиски фонд, АЕК, Контрола на летање, Асеко, Пелистерка, Ванила фуд и уште неколку компании кои ќе помогнат овој настан да придонесе за хуманоста кон оние на кои им е потребна помош.

Натпреварот ќе започне со квалификациско возење за сите пријавени натпреварувачи. Најпрво ќе стартуваат натпреварувачите во женска конкуренција, потоа оние кои се над 40 годишна возраст (сениори), а за крај, најмладите или сите кои се родени пред и заклучно со 1975 година. Најдобрите 8 или 16 од секоја категорија ќе се квалификуваат за финалните паралелни трки во недела.

Котизацијата за учество на 15-тиот хуманитарен велеслалом треба да се уплати на:

Назив: Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА
Скратен назив: РЦПЛИП - ПОРАКА
Број на сметка: 300000000341088, Комерцијална Банка АД, Скопје
Даночен број: 4030984178108
Седиште: ул. 11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

Лице за контакт:

Петар Младенов

Директор за маркетинг и продажба

070/22 01 04

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan