20 Април, 2024
0.0264

СКИЈАЊЕ ЗА СРЕЌА: ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА ОД ХУМАНИТАРНИОТ ВЕЛЕСЛАЛОМ

Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Шеснаесетта година по ред во Ски Центар Маврово се одржа аматерскиот велеслалом кој традиционално е настан со хуманитарен карактер. Оваа година собраните средства во вредност од 10 илјади евра беа донирани на Здружението за хумано- општествен развој ПРОЕКТ СРЕЌА со цел помагање и унапредување на животниот стил, едукацијата, забавата и здрави животни навики кај оние категории граѓани кои тоа им е отежнато од различни причини.

„Како пријатели на среќата, 54 екипи скијаа за среќата на општеството и оние на кои таа им е најпотребна, скијаа за среќата на децата во 2018 година. На настанот беа присутни над 150 учесници и уште толку посетители кои ги бодреа своите тимови, што за нас претставува мотив за продолжување на традицијата и неуморно креирање интерес за хуманоста и остварување многу хумани цели“ - вели Петар Младенов, маркетинг директор на Ски Центар Маврово.


Годинава настанот привлече 54 тима од најголемите компании во Македонија, кои се натпреваруваа во неколку категории мажи, жени, борд и спорстки забавни игри на снег.

„Традиционално средствата од котизацијата на тимовите Ски Центар Маврово ја донира во хумани цели. Годинава добитник на средтствата е нашето здружение Проект Среќа. Бескрајно сме благодарни на укажаната доверба, и ги уверуваме дека средствата ќе стигнат на вистинско место. Сите добиени сретства нашето здружение ќе ги намени за летниот камп Шарено Лето 2018, наменет за деца кои живеат во сиромаштија. Минатата година на овој камп учествуваа 40 деца, а годинава ќе учествуваат 120 деца од цела Македонија. Им благодариме на сите поединци и компании кои ни ја даваат нивната поддршка, бидејќи без нив нашата мисија би била невозможна.“ – велат од здружението Проект Среќа.

Дел од атмосферата на ноќното скијање може да ја погледнете на следниот линк https://vimeo.com/256472822?ref=em-share

Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се оддржа во 2003 година. Натпреварот се одржа на „Галички“ во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Бројот на тимови изнесуваше 35 со повеќе од 100 учесници. Ски центарот ќе продолжи овој настан да го одржува традиционално со цел да изнуди многу насмевки и среќа кај оние на кои навистина им треба.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга