СКОК НА ИЗВОЗОТ: „Експлозија“ на нафта од провинцијата Басра
Објавено во: Економија 21 Октомври, 2017
Ирак денеска го зголеми извозот на нафта од провинцијата Басра лоцирана на југот од земјата.
Станува збор за количина од 200.000 барели на ден, за да го покрие недостигот од наоѓалишта во провинцијата Киркук на север.
Министерството за нафта објави дека зголемувањето на извозот од Басра го задржува вкупното количество на производство во границите на квотата, договорена со Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).
Киркук важи за немирен регион. Растот на цената на сировата нафта е запрен деновиве.
Ирак е втор најголем производител на нафта во ОПЕК.