25 Април, 2024
0.0294

Скокнаа цените на некои од автобуските билети – во прашање е акцизата или нешто друго?

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Откако беше најавено зголемувањето на акцизата на дизелот, дел од превозниците ги поскапеа повратените и месечните билети  за меѓуградски автобуски превоз.

Мало покачување има на месечните билети за релацијата Куманово – Скопје и повратниот билет за Скопје – Берово.

Поскапувањето иако е минимално, сепак создава незадоволство кај оние кои најчесто патуваат, студентите и работниците.  Беровчани ќе плаќаат за 100 денари поскап повратен билет, а кумановци месечно ќе даваат плус 200 денари.

„Сметам дека акцизата не е главна причина за поскапување на превозот затоа што минимално покачената акциза ќе стартува од јануари, а билетите се покачени од пред една недела. Но, и без покачување на акцизата ќе го направеа истото затоа што газдите сакаат поголем профит“ – вели студент од Берово.

Друг беровчанец смета дека оние студенти кои почесто си одат дома, нема да останат рамнодушни на новата цена на превозот.

„За мене е сеедно, затоа што не користам ваков вид на превоз, но за другите мислам дека ќе биде проблем.  Цените на горивата претходно варираа, се качуваа и паѓаа, но зошто тогаш никој не ги покачи билетите, а сега се качува заради акцизата“ – вели тој.

Никола Крстевски, студент од Куманово објаснува дека месечниот билет е поскап за 200 денари, од 2500 на 2700 денари и дека не е в ред буџетот да се полни врз грбот на граѓаните.

„Верувам дека простор за покачување е создаден заради најавите за покачување на акцизата иако акцизата ќе се зголеми од јануари. Покачената акциза за нафта меѓу први ги погоди студентите и работниците. Месечниот билет за автобуски превоз на релација Куманово - Скопје, поскапе од 2500 на 2700 денари. Стотици студенти и работници од Куманово кои работат или студираат во Скопје, секој месец купуваат билет на оваа релација“ – рече Крстевски.

Превозниците кои ги зголемија цените велат дека новите цени не се заради акцизата, туку реално имало потреба од корекција. Наведуваат дека за патниот правец Берово – Скопје со години цената на билетот беше ниска.

Владата проектираше зголемување на акцизата за 3,5 денари по литар, заедно со пресметано ДДВ. Министерот за финансии, Драган Тевдовски тогаш изјави дека зголемувањето на акцизата ќе го зголеми приходот во буџетот за околу 32 милиони евра, а растот на цената на дизелот нема да изврши инфлаторен притисок. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?