23 Април, 2024
0.0570

Скокот на Феликс чини 50 милиони евра!

Објавено во: Стил 15 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Само капсулата, падобранот и специјално дизајниранираниот скафандер со кои скокна 43-годишниот австриец, чинат 35 милиони евра, соопштува весникот „Die Presse“. Останатите 14 милиони евра се за соработниците на проектот - седум експерти, тројца од нив поранешни вработени на НАСА и на војската. Со своето искуство Феликс  Баумгартнер го подобри рекордот за скок од најголема височина и стана првиот човек којшто ја преминaл звучната бариера. При падот, што траше 10 минути, Баумгартнер достигна брзина од над 1340 километри на час. Од НАСА и воздухопловните сили на САД се надеваат дека преку експериментот ќе добијат подобра претстава за безбедноста на пилотите, посебно ако во иднина има потреба од итно лансирање на вселенските бродови. Во скафандерот на Феликс имаше специјални апарати, поставени за да се разбере што се случува со човечкото тело при преминување на звучната бариера. Весникот „Die Presse“ забележува дека заклучоците од експериментот, веројатно би биле применети само при крајно итни случаи.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган