19 Април, 2024
0.0288

Скопјанец и тетовец „заработија“ кривични за настаните од 27 април

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Б. (60) од Тетово и А.Ш. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. 

А.Б., откако насилно влегол во Собранието, во прес - салата се туркал и се обидел физички да се пресмета со обезбедувањето на пратеникот О.С., упатувајки им закани. Во моментот кога сакал да се доближи до пратениците бил задржан од страна на друго лице. Второпријавениот А.Ш. насилно ја отворил влезната врата на Собранието, удирајки ја со раце и нозе, притоа туркајќи ги и влечејќи ги полициските службеници поставени во кордон пред вратата.

За преземените дејствија на двајцата пријавени обезбедени се видео записи, со нив биле извршени разговори во кои целосно ги појасниле преземените дејствија, по што се ослободени, соопшти МВР.

До Основно јавно обвинителство Скопје доставени се и три известувања. Првото се однесува за извршени прегледи на видео материјали од настаните на 27.04.2017 година во Собрание на Република Македонија при што било утврдено дека осум лица се присутни во Собранието, но немаат преземено никакви дејствија. Второто се однесува на барање за издавање Наредби до мобилен оператор за издавање на листинзи на телефонски број сопственост на лице за кого претходно е поднесена кривична пријава и извршен претрес во дом и други простории. Третото известување се однесува за обезбедена целокупна здравствена документација на лица кои се пријавиле како оштетени од наведениот кривично правен настан во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје.

По претходно доставена покана, во просториите на СВР Скопје бил извршен разговор со лицето С.С. (38) од Скопје, по што лицето е ослободено. Во консултации со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок. Исто така, бил извршен разговор и со лицата О.Р. (42) и С.М. (51), двајцата од Скопје и вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање. По извршениот разговор и тие биле ослободени, а во консултации со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18-ти овој месец од страна на полициски службеници од СВР Скопје, постапено е по издадена наредба од судија на претходна постапка за вршење на претрес во дом и други простории кај лицето И.Ј. (46) од Куманово, но претресот не бил извршен затоа што никој не ја отворал вратата.

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов