25 Април, 2024
0.0297

ФОТО: Скопјани ги избраа најубаво украсените објекти за Нова година!

Објавено во: Стил 25 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Кафулето „ГЕТ -КАФЕ“ во Кисела Вода, куќата на Марјан Михајловски во населба Драчево и терасата на Филип Нечевски во населба Аеродром се прогласени за најубаво украсени објекти во Скопје, за новогодишните празници.
За најубаво украсен двор на средно училиште, во конкуренција од две пријавени, комисијата го избра дворот на СУГС „Димитар Влахов". „Градот Скопје ја продолжува традицијата на стимулирање на граѓаните да ја украсувааат својата микро локација со што Градот добива поубав предновогодишен лик. Сакам да им честитам на добитниците, но и на комисиите составени од медиумски претставници за добро завршената работа. Им благодарам и на спонзорите за нивната поддршка што секоја година ја даваат на манифестацијата", рече градоначалникот Трајановски за време на доделувањето на наградите на веќе традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје 2012". Победниците од Градот добија по 10.000 денари, ваучери во вредност од 2000 денари од фирмата за увоз и продажба на моторни масла и филтери „Фас Вас" ДООЕЛ во првите три категории им додели , а ЕВН Македонија ги ослободи од плаќање на декемвриската сметка за струја. Еве ги победниците: 1. Најубаво украсено кафуле 2.Најубаво украсена тераса 3.Најубаво украсен двор 4.Најубаво украсено училиште

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти