20 Април, 2024
0.2963

Скопјани и годинава ќе учествуваат во традиционалната Бадникарска прослава

Објавено во: Мои пари 04 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Скопјани и во годината во која штотуку навлеговме ќе имаат можност да учествуваат активно во традиционалната Бадникарска прослава што на 6-ти Јануари по 26-ти пат ќе се одвива на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски.Повторно ќе бликнат среќа и радост во пресрет на Бадник и Божик.

Илјадници наши сограѓани ќе си заминат во своите домови со бадниково гранче,симболот на светлината и сонцето,среќата и радоста,што ќе им го дадат бесплатно членови на Одборот за прослава,кои со денови предано работат за што поуспешно одвивање на манифестацијата, започната на пазарчето Буњаковец во далечната 1993 година.

Како и секоја година наназад Бадник 2018 ќе почне со химната што во живо ќе ја испеат „Силви Бенд“ и со кревање на бадникарското знаме  на јарболот, до знамето на Македонската Православна Црква и на република Македонија.Следува осветувањето на гранчињата,нафората,топлата ракија и чајот од страна на свештенослужители на Соборниот Храм,а потоа и делењето од страна на членови на одборот за прослава. Делегација на Одборот заедно со Кумот за Бадник 2018 ќе се упати кон Домот за стари лица во Злоуќани со пригодни подароци,но и со осветени гранчиња и топла ракија и чај,за да им ја пренесе атмосферата во нивното привремено живеалиште и да им покаже дека сепак не се сами и заборавени.

Присутните граѓани ќе имаат можност да ги пречекаат Стариот Кум Радко Манов со Преодниот пехар,градоначалникот на Скопје Господин Петре Шилегов,новиот Кум Влатко Огненовски со погачата со златна паричка и Здравичарот Стефан Хаџиниколов,кои ќе се упатат во Храмот, каде што ќе се одржи свечен чин на Осветување и кршење на погачата од страна на Поглаварот на МПЦ Господин Господин Стефан, кој во таа пригода и ќе одржи традиционална беседа,по што сите заедно ќе дојдат на бината каде што ќе се одржи продолжението на свеченоста.Здравичарот ќе ја каже здравицата од името на Одборот за прослава,Кумот ќе им се обрати на присутните,како и скопскиот градоначалник,кој потоа ќе му го врачи Ќупот на Новиот Кум,сето тоа со пренос на програмата на Македонското Радио.Кулминацијата е заминувањето на Кумот и Здравичарот,кои со пајтон ќе заминат поздравени од сограѓаните, кои од самиот почеток ја одобруваат оваа иницијатива за дружење и веселба во пресрет на најголемиот Христијански празник Божик,раѓањето на Пресветиот Исус Христос.

Прославата продолжува со настап на естрадни уметници и општонародна веселба.  


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга