29 Март, 2024
1.8228

Скопјани мрднаа со прст и во голем број донираа за бездомниците во Скопје

Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Голем број на граѓани во текот на викендот донираа ќебиња, чиста облека, обувки, душеци за спиење, прибор за јадење и хигиенски средства за бездомниците на пунктот на Мрдни со Прст во Скопје Сити Мол. Пакетите со донации денес беа  доставени во Социјалниот центар „Дуња“ кој што обезбедува помош и вдомување на бездомници кои немаат каде да се засолнат од поларните температури кои што ја зафатија нашата држава.

„Се приклучив на акцијата и донирав облека за лицата кои во овие ладни денови немаат покрив над главата. Откако дознав за акцијата на Мрдни со Прст веднаш се упатив во Скопје Сити Мол и донесов облека и обувки. Нема сомнение дека на бездомниците им е потребна помош и вакви акции ги потсетуваат граѓаните дека треба да бидеме хумани и меѓусебно да си помагаме.“ - изјави еден граѓанин кој донираше на пултот на Мрдни со Прст.

Пултот за донации на „Мрдни со прст“ беше отворен викендов, но донирањето продолжува во просториите на Социјалниот центар „Дуња“ на ул. Рајко Жинзифов бр 22 (спроти градежен факултет). Исто така секој може да помогне и со лоцирање на бездомник и негово пријавување на страната на Мрдни со прст: http://mrdnisoprst.mk/ или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst. Врз основа на пријавите волонтерите од Социјалниот центар Дуња ќе реагираат и ќе помогнат во згрижувањето на пријавените бездомни лица.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија