25 Април, 2024
0.0260

(ФОТО) Скопје да земе пример: Ова се топ најзелени градови во светот

Објавено во: Стил 21 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Светски тренд е промовирање на градски политики за садење на повеќе дрвја и зголемување на парковите и зелените површини во големите метрополи. Загадувањето станува сериозно и тоа е еден од начините, иако со долгорочен ефект, за ограничување на штетите на се поголемата урбанизација.

Затоа има бројни големи градови, кои го ограничуваат движењето на автомобили и поттикнуваат зелен транспорт, градат нови паркови и садат дрвја.

Истражувачки тим на МИТ соработувале со Светскиот економски форум, за да создаде „Двопедија“ (Treepedia) - сајт со интерактивна мапа која ја покажува густината на зелените насади во големите градови ширум светот.

Користена е информација од Google Street View, за да се утврди таканречен „Зелен индекс“, кој го одредува процентот на зеленило во секој град, одреден преку сликите од воздухот.

Кога беше лансиран во 2016 година, сајтот поддржуваше само 10 градови, но веќе се додадени уште 5.

Видете кои се 12-те најзелени градови во светот и процентот на зелени насади во нив:

12. Лос Анџелес, САД - 15,2%


11. Тел Авив, Израел - 17,5%

10. Бостон, САД - 18,2%

9. Мајами, САД - 19,4%

8. Торонто, Канада - 19,5%

7. Сиетл, САД - 20%

6. Амстердам, Холандија - 20,6%

5. Женева, Швајцарија - 21,4%

4. Франкфурт, Германија - 21,5%

3. Сакраменто, САД - 23,6%

2. Ванкувер, Канада - 25,9%

1. Сингапур - 29,3%


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган