29 Март, 2024
0.0278

Скопје го има богатството на половина Македонија, источно е мизерија, на запад е тешко!

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

И покрај успешно спроведената децентрализација, зголемените буџети на општините, многуте слободни економски зони во речиси секој поголем град, Владата не успеа да го намали јазот меѓу регионите во земјава. Со вкупно 43,7% Скопскиот регион  има најголемо учество во бруто- домашниот производ со што и понатаму предничи како најразвиен регион во државата. Од Буџетот за годинава, за регионален развој се предвидени 1,6 милион евра. Тоа е нешто приближна сума како лани, но е за дури 51% помалку од 2011 година кога беа предвидени 3,3 милиони евра. Експертите велат дека сите досега донесени стратегии и закони се само декларативна заложба на Владата да ги развива регионите. Киро Левески, пензиониран раководител во Бирото за регионален развој, вели дека токму Бирото е институцијата задолжена да ги развива осумте плански региони во земјава, но добива најмалку пари за тоа. „Годинава повторно како и лани Бирото има буџет од некаде еден милиони евра и тоа е смешна сума затоа што не можеш да реализираш  никаков проект а камоли да ги развиваш регионите. Проблем е што секое министерство има дополнително предвидено пари за регионален развој и Владата смета дека доволно одвојува, но тие пари никогаш не завршуваат за таа намена“, вели Левески. Во Бирото за регионален развој велат дека годинава планирани се близу 400 илјади евра за финансирање проекти во планските региони, 112 илјади евра за финансирање проекти во подрачјата со специфични развојни потреби и само 56 илјади евра за развој на селата. Левески потенцира дека неопходно е Владата да го почитува Законот за регионален развој кој предвидува дури 1 отсто од БДП да се одвојува за развој на регионите, што е приближно 80 милиони евра,  а не како досега, дури 30 пати помалку. Скопскиот регион најразвиен, источниот најмизерен Последните статистички податоци кои се за 2010 година покажуваат дека Скопскиот регион и понатаму останува најразвиен во државата, со најголемо учество во БДП, но и со БДП по жител кој е поголем од просекот на Македонија. Притоа, Североисточниот плански регион во кој влегуваат  Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце, Старо Нагоричане..има учество од само 4% од вкупниот БДП на Македонија, а во тој регион живеат околу 10% од вкупното население на државата. Статистиката покажува дека убедливо најлошо живеат жителите на Источниот и Североисточниот регион, каде во периодот на транзиција се затворија многу фирми, претежно со трудоинтензивна дејност. Југоисточниот и Источниот регион заедно создаваат 17,3 отсто од државниот БДП. Овој регион економски опстанува поради економската соработка со грчките фирми и приливот на грчки туристи. Од туризмот главно живее и Југозападниот регион, додека Полошкиот регион иако е најнаселен после Скопскиот,  во вкупниот БДП на државата учествува со само 7,2%. Регионот на Пелагонија пак, во кој се двата големи градови Прилеп и Битола и пред се благодарејќи на РЕК Битола учествува со 12,2 отсто во македонскиот БДП. Но, сепак во најголема предност е Скопскиот, каде има најголем прилив на капитал и најобразована структура на населението. Дури 90% од странските инвестиции се реализирани во Скопје. Миграцијата најмногу придонесува за јазот меѓу регионите Експертите објаснуваат дека огромните диспаритети во економскиот развој на регионите, во главно се наследени, како резултат на концентрацијата на големите претпријатија во Скопскиот, Пелагонискиот и Југозападниот регион, но и на внатрешната миграција на населението. Концептот за рамномерен регионален развој е дел од обврската на Македонија како земја кандидат за влез во ЕУ. Иако Владата донесе Стратегија за регионален развој со важност од 2009 до 2019 година, се чини дека и покрај заложбите, преку техничко- технолошко осовременување на стопанството, ефикасно планирање на урбаниот развој како и рационалното користење на природните ресурси, на терен нема видливи промени. Соња Наумовска  

Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра