29 Март, 2024
0.0288

Скопје кандидат за домаќин на ЕП во ракомет за жени во 2022

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Скопје е еден од градовите кандидати за одржување на европското првенство во ракомет за жени кое ќе се игра во 2022 година. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска во Загреб учествуваше на работниот состанок во врска со заедничката кандидатура на Македонија, Словенија и Црна Гора за организација на европското првенство во ракомет во женска конкуренција во 2022 година. Како градови организатори на ова првенство ќе бидат Скопје од Македонија, Подгорица од Црна Гора и Цеље и Љубљана од Словенија.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Петре Шилегов нагласи дека Скопје ужива углед на добар домаќин и има потенцијал достоинствено да ги прими туристите и љубителите на ракометот и да им обезбеди добра забава и пријатен престој за време на европското ракоментно првенство во женска конкуренција.

- Овие типови на големи спортски настани обезбедуваат вклучување на социјалните и културните особености на градот - домаќин во целокупното туристичко искуство на добрите практики од светот. Така обезбедуваме одлична можност да го прикажеме културното наследство на градот, неговата историја и уметност, локалната храна и музика, како и сето она останато што го прави нашиот град уникатен и интересен за посета - рече градоначаникот Шилегов.

Македонија испрати заедничка кандидатура со Словенија и Црна Гора за организација на Европското Првенство во женска сениорска конкуренција во 2022 година, што ќе се игра во периодот од 4 до 20 ноември 2022 година. Кандидатурата на Македонија, Словенија и Црна Гора е единствена за првенството во 2022 година.

Од РФМ информираат дека во наредниот период ќе следуваат неколку фази за спроведување на кандидатурата, кои меѓу другото, содржат инспекција на одговорните лица од ЕХФ и евалуација на кандидатурата. Конечната одлука за доделување на организацијата на Првенството ќе биде донесена на ЕХФ конгресот што ќе се одржи во Глазгов на 18 и 19 јуни 2018 година. 


Можеби ќе ве интересира

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?