29 Март, 2024
0.0207

Скопје во забрзан ритам, маратонците силно мотивирани

Објавено во: Галерија 07 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Заврши 13-то издание на Скопскиот маратон под покровителство на Виз Ер со 8.500 учесници од 51 земја. Голем број на граѓани истрчаа на скопските улици за да бидат дел од оваа прекрасна манифестација која веќе добива шмек како тој во светските метрополи, додека пак професионалните тркачки прикажаа фантастични вештини. 

Златен е Кипротич Кируи од Кенија, двократен шампион на маратонот, при што годинава патеката ја истрча за 2 часа и 12 минути.

Второто и третото место го освоија неговите сонародници Едвин Кипруто и Самуел Кимутаи Киптум. Од македонските маратонци најдобар беше Александар Кираџиев кој на целта пристигна шести, а тој воедно е прогласен и за национален победник во маратонот.

Во женска конкуренција исто така славеше Кенија, при што најдобра беше Стела Барсосио, која оствари и нов рекорд на патеката кај дамите од 2 часа, 33 минути и 42 секунди.