19 Април, 2024
0.0333

Скопски маратон: 450 деца трчаа за помош на СОС Детско село

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Четиристотини и педесет деца вчера трчаа на Семејната трка за Среќна Нова која имаше хуманитарен карактер. Средствата од котизацијата за трката се наменети за СОС Детско село. Трката немаше натпреварувачки карактер, само ревијално трчање и лотарија со награди и многу подароци. Општина Центар, Скопски маратон и Сојузот на спортови на град Скопје ја организираа оваа трка со цел да ги поттикнат родителите и децата во заедничка хумана акција. Кон хуманата цел се прикличи и Рамстор кој подари 50 пакетчиња и 50 бесплатни фотографии со Дедо Мраз. Иницијаторот и еден од организаторите на трката, Скопски маратон, најавува за во иднина уште многу слични манифестации и активности. „Скопски маратон се повеќе станува спортска манифестација преку која градот се идентификува. Токму затоа сакавме да ги прошириме нашите активности во текот на целата година и со тоа да превлечеме нови и млади следбеници на спортскиот дух. Семејна трка за Среќна Нова е само уште еден начин да им понудиме на Скопјани можност за рекреација, забава и празнична хуманост“, изјави Кире Синадиновски, директор на Скопски маратон.

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ