19 Април, 2024
0.0273

Скопски Пазар ги укина и преостанатите СП и Макси Д маркети

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Скопски Пазар повеќе нема да ги држи отворени добар дел од нивните супер маркети и поголеми продавници. СП ги укинува подружниците за трговија на мало на неспецијализирани продавници за храна, пијалоци и тутун кои ги носеа нивните брендови СП Маркети и Макси Д Дисконт. Тоа значи дека повеќе СП маркети и Макси Д Дисконт нема да постојат како брендови на неспецијализирани продавници, барем не во догледно време со преориентирањето на компанијата. 

Станува збор за десет вакви преостанати продавници лоцирани низ повеќе населби во Скопје со тоа што тие повеќе нема да работат под истите брендови, односно ќе биде побаран партнер за понатамошно работење во деловниот простор кој е дел од овие укинати подружници. Укинати се продавниците:

  • СП Маркет 4 Чаир, со седиште на ул.Ќемал Сејфула бр.5 Чаир, Скопје; 
  • СП Маркет 11, со седиште на ул.Иван Хаџи Николов бр.12 Драчево-Кисела Вода, Скопје; 
  • Макси-Д Дисконт 3, со седиште на ул.Атанас Митрев бр.3А Аеродром; 
  • Макси-Д Дисконт 5, со седиште на ул.Шуто Oризари бр.55 Шуто Оризари, Скопје; 
  • СП Маркет 8, со седиште на ул.Руѓер Бошковиќ бр.3А Карпош, Скопје; 
  • СП Маркет 10 Бутел, со седиште на ул.Александар Урдаревски бр.15 Бутел, Скопје; 
  • СП Маркет Расадник-Кисела Вода, со седиште на ул.Народни Херои бр.12 , Скопје. 
  • СП Маркет 1, со седиште на ул.Ѓорче Петров бр.7 Ѓорче Петров, Скопје; 
  • СП Маркет 13 Автокоманда, со седиште на ул.Бапчор бр.4 Гази Баба, Скопје и 
  • СП Маркет 9 Тафталиџе, со седиште на ул.Московска бр.15 Карпош.
Во образложението за ваквата одлука, од Скопски пазар велат дека станува збор за обид да се намали ризикот во работењето во дејноста трговија.  

„Ја известуваме јавноста дека Скопски пазар АД Скопје согласно определбите на Друштвото за изнаоѓање прифатливо деловно решение за состојбите во дејноста трговија, како и стратешката определба на менаџментот на Друштвото да се одбегнат можните ризици во дејноста трговија и да се обезбеди и унапреди деловниот капацитет на Друштвото во целина, има превземено конкретни активности за укинување на преостанатиот дел од регистрираните продружници на СКОПСКИ ПАЗАР АД Скопје кои обавуваат трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалоци и тутун“ стои во информацијата објавена преку Македонска берза.

Во делот на трговија на мало СП ќе продолжи да работи со регистрираниот бренд ФРЕСКО за продажба на мало на храна - готвени јадења, бели пецива и сокови. Скопски пазар ќе се фокусира повеќе на основната деловна активност, а тоа е издавање на деловен простор, недвижен имот и пазари.

Скопски пазар ако се анализираат финансиските извештаји ќе се види дека во период од 4 години изгубиле 60 отсто од своето пазарно учество, според приходите од продажба, гледано од последно објавениот извештај за првите три квартали од 2017 година споредено со истите периоди наназад во последните четири години. 

Билансот за првите девет месеци на Скопски пазар покажува дека компанијата има поголеми оперативни расходи од приходите од продажба. Оперативните расходи изнесуваат 407,4 милиони денари и во споредба со истиот период во 2016 година се пониски за 96,4 милиони денари. Приходот од продажби е за 12 милиони денари понизок од оперативните расходи. Сепак, останатите оперативни приходи се доста високи од кои „Скопски пазар“ инкасирал 51,7 милиони денари. И со тоа ги покрива оперативните расходи. Оперативната добивка на компанијата е 39,5 милиони денари и во споредба со истиот период во 2017 е пониска за 19 отсто. Нето добивката за првите девет месеци од 2017 година изнесува нешто над 100.000 евра и во споредба со истиот период претходно е пониска за 57 отсто.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите