25 Април, 2024
0.0397

„Скопски пазар“ изгуби една милијарда денари приходи од продажба под управата на браќата Давитковски

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Браќата Сашо и Тошо Давитковски и нивната мајка Тодорка во септември 2007 година го превземаа управувањето на „Скопски пазар“ преку акциите што ги добија во наследство од нивниот татко и сопруг Трајко Давитковски , под чие водство, долги години оваа компанија беше трговски гигант. По осумгодишнот управување на браќата, официјалните податоци покажуваат дека приходите од продажба паднале за повеќе од 1 милијарда денари. „Фактор“ достави прашања за објаснување, толкување или коментар на резултатите од 2008 до 2016 година од браќата Давитковски, пред пет дена, но до објавување на текстот тие не се произнесоа. Доколку добиеме одговор во претстојните денови, ќе го објавиме во целост.

Приходите од продажба на „Скопски пазар“ во период од осум години, од 2008 година до 2015 година постојано се намалуваат, а споредбата на овие две години покажува дека приходите од продажба паднале за повеќе од една милијарда денари на годишно ниво, а тоа значи дека приходите од продажба во 2015 година се помалку од половината од приходите што компанијата ги остварила во 2008 година. Покажува споредбата на официјалните податоци објавени на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност што за своите читатели ја направи „Фактор.мк“.

„Фактор“ ја одбра за почетна година на споредбата на податоци да биде 2008 година во која почнуваат да управуваат тројцата најголеми акционери Сашо и Тошо Давитковски со поддршка од нивната мајка Тодорка. Сашо и Тошо Давитковски и нивната мајка Тодорка станаа наследници на акциите на Трајко Давитковски, а тоа е официјално објавено на берзата во септември 2007 година и можете да ја видите структурата на наследени акции на следниот линкhttp://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=15614И двајцата браќа имаат по 5,05 отсто од акциите, а нивната мајка има 10,46 отсто од управувачките права. Во истиот месец двајцата браќа се избрани за членови на Управниот одбор на „Скопски пазар“ при што Сашо Давитковски е назначен за претседател на Управниот одбор.  

Во 2008 година, прва година, по нивното наследување на правата на одлучување (т.е.акциите со право на глас) „Скопски пазар“ има приходи од продажба во износ од 2,083 милијарди денари и нето добивка од 52,4 милиони денари. Следната 2009 година компанијата ја завршува со приходи од продажба кои се пониски за 106 милиони денари од приходите во 2008 година и изнесуваат 1,977 милијарди денари. Добивката во таа 2009 година е 35,2 милиони денари. Во следната 2010 година „Скопски пазар“ има приход од продажба во износ од 1,919 милијарди денари што е за 58 милиони денари помалку од претходната година. Добивката во таа година е 10,9 милиони денари. 

Во 2011 година приходите од продажба се 1,72 милијарди денари и се за 199 милиони денари пониски од претходната година. Тоа е најголем пад на приходи од продажба помеѓу две години во периодот што е предмет на опсервација. Добивката за таа година изнесува 15,1 милиони денари. Во следната 2012 година продолжуваат да се намалуваат приходите од продажба. Тие изнесуваат 1,693 милијарди денари. Нивниот пад е 27 милиони денари во споредба со претходната година и тоа е најнизок износ на намалување на приходи меѓу две години. Добивката е 22 милиони денари. 

Следната 2013 година приходот од продажба паѓа за 229 милиони денари до износ од 1,464 милијарди денари,а добивката расте до износ од 29,6 милиони денари. Во следната 2014 година трендот продолжува. Приходите од продажба изнесуваат 1,277 милијарди денари и се пониски за 187 милиони денари во споредба со претходната 2013 година. Добивката во оваа година е највисока во споредба со сите години и изнесува 54,1 милиони денари. Во 2015 година „Скопски пазар“ паѓа под психолошката граница од една милијарда денари приходи од продажба. Приходот е 927,3 милиони денари. Тоа е пад од 350 милиони денари и е најголем годишен пад на прометот во набљудуваниот период. Добивката лани е 35,1 милиони денари.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?