Добивај вести на Viber
Седиштето и главниот штаб на Скотланд Јард и на лондонската Метрополитен полиција се ставаат на продажба , соопштија денеска од раководството во Лондон. целта е да се оствари заштеда од 500 милиони фунти, во следните 2,5 години, а раководството на најголемата полициска единица во Велика Британија смета дека за новите услови за работа на полицијата се потребни нови и пофункционални простории.
Зградата на Скотлад Jард е изградена во 1967 година во самиот центар на Лондон и претставува туристичка атракција, но и историско наследство. Покрај седиштето, на продажба се ставаат и повеќе полициски станици низ главниот град бидејќи во моментов, за потребите на 32 илјади полицајци се користат 700 полициски станици и помошни објекти.
Само одржувањето на зградата чини 11 милиони фунти за одржување, а за обнова се потребни дополнителни 50 милиони, нагласи заменик комесарот на Скотланд Јард, Крег Мекеј.