25 Април, 2024
0.0294

Скршени сништа: Млада, паметна, горда и невработена!

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Последните 25 години  младите во Македонија се соочуваат со проблемот на невработеност, но во моментот тој е уште поизразен бидејќи  се борат  со уште поголемо зло- проблемот  наречен “вработеност”. Платата која што се нуди, работните услови, работничките права, договорите не подолги од три  месеци се само гаранција дека младиот човек ќе живее мизерен живот доколку се одлучи да остане во својата земја. Се наоѓаме во еден лавиринт од неостварени граѓански права и слободи, прашања на кои не можеме да добиеме одговори, а и не знаеме каде да се обратиме за нив- вака младата Менче Вучкова, дипломиран книжевник  без работа  ја гледа  општествено –политичката слика во земјава. Дипломирала  на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип, на отесекот за Англиски јазик и Книжевност мислејќи дека заокружила големо животно прашање. Но радоста траела кратко, бидејќи сега е соочена со нов предизвик- да најде работа.

“Уште потешко е што проблемот не е препознаен и од институциите, туку напротив, владата се гордее со износот на минимална плата и дури не промовира како “ЏаБест” понуда кај странските инвеститори, притоа користејќи ги најскапите маркетинг алатки. Експлоатацијата на трудот стана секојдневие, па не ме одмина ниту мене. Додека бев ангажирана по договор на дело на работа во една државна институција, неколкупати се соочив со ненавремена и нецелосна исплата на мојот хонорар. Неколку пати бев уценувана, и поради отпорот кој го пружив без раскинување на договорот и без никакво известување бев спречена да продолжам со извршување на моите работни обврски”- вели Вучкова.

Проблемите на младите според неа  не запираат овде, туку тие се присутни и во образованието, здравството, социјалната заштита која речиси и не постои, злоупотребата на владините кампањи.

“До вработување и не е толку тешко да се стигне во Македонија. Прашање е за какво вработување станува збор. Вработување во државна администрација е дефинитивно возможно само преку партиските канали и пораки на највисоките структури на владеачката партија. Па дури и по некои од овие странскиве инвеститори регрутираат следствено на приоритетите во партиските списоци. Приватниот сектор, којшто не успеа да остане рамнодушен и независен по заканувањата и стравот влеан од пазарните и трудови инспекторати, постепено ја прифати традицијата на вработување по критериум на извршени услуги и ветувања”-додава Вучкова.

Трагедијата во која како што вели  се најде или доведе македонскиот народ во последните години на постоење е проблемот што не  успеа политички да се едуцира за да се издигне на едно ниво во кое јасно ќе се препознае и дистинктира политиката од партијата. Одредени структури од партиите во нашето општество, додава,  не само што ги заробија своите симпатизери и поддржувачи, туку и им наметнаа одредени идеали во насока на градење на култ кон поедини партиски вредности крајно опасни и деструктивни за човековото постење и развој.

“Владините политики од последните 10 години кои одеа рамо до рамо со партиските цели и интереси и дејствуваа во полза на поедини граѓани, додека сосема го заборавија народот како цел и причина на постоење на државата и институциите, се најголем пример кој сведочи за ваката состојба. Сепак не смееме и да ги заборавиме и да им укажеме почит на оние кај кои што свеста е проработена и кои јасно застанаа и кажаа “НЕ” на ваквите деструктивни и радикални однесувања, и дејствувања на одредени политички партии. Истите побараа не само политичка, туку и општествена одговорност од носителите на одлуките во изминатата деценија”- вели младата Вучкова.  

Македонија според неа  е земја со пропаднат образовен систем. Тоа го поткрепуваат поразителните податоци од ПИСА годинава кои го потврдија фактот дека писменоста во земјата станува клучно прашање во години кога веќе требаше да бидеме на еден друг левел од развојот на образованието. Наместо чекор напред, вели направивме илјада назад, и се доведовме во ситуација да образованието е лесно достапно, дури и во најмалото село, но по цена на изгубен квалитет.

“Со оглед на фактот дека поголемо значење се дава на партиската книшка отколку на стекнатите знаења, лесно е да се заклучи дека валоризацијата на трудот и знаењето е поставена во една сосема погрешна насока. И додека слушамод приватниот сектор дека младите не треба премногу да очекуваат кога за првпат ќе настапат на пазарот на труд, и треба да се задоволат со понудениот минимум, колегите кои тешко ги видовме на факултет, а редовно имаа чек ин во селскиот штаб, излегоа на позиции на директори на државни институции и кариерата ја отпочнаа дури и со 36.000 почетни примања”- потенцира младата девојка.

Граѓанскиот сектор  според неа треба да биде суштински важен  во создавањето на зрело демократско општество  и темел на создавањето на самата демократија. Во Македонија граѓанскиот сектор со своето дејствување, иницијативност и отпор кон политиките на власта како што вели покажа дека е зрел да се носи со проблемите, дека може да преживее и кога најмногу е угнетен што само по себе му дава  примат на осозревањето  во демократско и инклузивно општество. Проблемот  според неа не е само политички, туку  е и економски, социјален а и морален, или етички.

 “Кога имаме примери на губење не само на квалитетот, туку и на етиката и моралот во здравството, мораме да се согласиме дека проблемот е многу подлабок и поширок отколку што можеме да го замислиме. Но ако е загрижувачки, не значи и дека е нерешлив. Безизлезноста во која се најдоа многумина млади и мораа да го напуштаат своето гнездо, е долгорочна состојба, но не значи дека ќе биде и вечна судбина на Македонија. Преку промени во образованието, домашното воспитување, социјалната култура, а пред се и културата на дијалог во политиката, димензиите на проблемите можат да се намалат, а со тоа во блиска иднина и да се решат, бидејќи цената на секој млад заминат е опортунитетен трошок кој економски не може да се пресмета бидејќи има неизмерна вредност”-  нагласува дипломираната професорка по англиска книжевност.

Состојбата во Македонија вели навидум изгледа на состојба на една “недовршена” држава, бидејќи хипокризата која успеа да навлезе во сите сфери на општеството ги  доведе  младите во една состојба на замрзнато дејствување. Цената е скапо платена,  а фаталноста на последиците од експериментот наречен “Универзитет” според Вучкова  допрва ќе се пресметува,  ако не се воведат реформи во секој сегмент на правната држава. Вистинскиот избор за сигурен успех верува дека  лежи во квалитетот, ентузијазмот и прогресивноста на многумина кои не потпаднале  под притисоците на заробената држава.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди