Скурлетис: Независни Грци да бидат внимателни во своите постапки
Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2018
Mинистерот за внатрешни работи, Панос Скурлетис, за спротивниот став на коалициониот партнер во грчката Влада, Панос Каменос како што јавува дописникот на МИА од Атина, изјави дека Каменос ја изразува позицијата на неговата партија, а не владината позиција, но и дека лидерот на Независни Грци не оспорува дека Владата со конкретната позиција оди на преговорите, туку едноставно не се согласува со неа.
„Се согласувам дека се работи за едно сериозно прашање и би им рекол на Независни Грци, иако го почитувам нивно мислење, со кое не се согласувам, да бидат внимателни во нивните постапки, бидејќи понекогаш се создава таква динамика што ги поткопува вистинските национални напори што сега се прават“ - вели Скурлетис во интервју за грчкото радио Реал фм.
За протестот во Солун, министерот вели дека организаторите и учесниците не извлекле никаква поука од демонстрациите во 1992.
Вели протестот бил голем, но не бил жесток.