Слаб снег провејува на повисоките места-возачите да внимаваат на овие места
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2017
Планините овој 20 ноември го дочекаа снегот.
Слаби снежни врнежи провејуваат на Стража, Маврово и Попова Шапка.
Што се однесува до сообраќајот на патиштата тој се одива тековно по влажни патишта.
АМСМ на возачите им сугерира повеќе да внимаваат на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Таму се можни одрони. Не брзајте и возете со прилагодена брзина на патот.