29 Март, 2024
0.0263

СЛАВЧО ПОПОСКИ: Пред нас се години со студени зими и топли или многу топли лета

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Ние сме на таква местоположба и сме на директен удар на сибирските воздушни маси од север и североисток и тропските од југот на Европа. Значи пред нас се години со студени зими и топли или многу топли лета  но секако и во ова може да има промени во прогнозите, вели метеорологот Славчо Попоски, која пишува на сајтот meteomax .

За тоа дали климатските промени ќе влијаат на Македонија и Балканот како што пишуваа многу регионални и светски медиуми, вели дека тоа се нормални процеси.

„Видете вака тоа не се климатски промени туку нормален процес низ кој минува земјата, мора да го заборавиме глобалното затоплување и климатските промени. Претстојната зима барем гледано според моменталните анализи на времето кој ние ги направивме би била во границите на просекот со можност за еден до два степени истата да биде потопла од просекот што не е некое огромно отстапување на температурите на воздухот. Покрај ова не значи дека не треба да очекуваме некој поизразен студен продор од север и североистокот на Европа и температури до околу па и под -15 степени во утринските часови или пак да биде постудено од ова секако дека постои некоја можност. Што се однесува до врнежите истите би биле во границите на просечните за зимскиот период,  па така може да се очекуваат и повремени циклони кои би условиле врнежи од дожд и снег зависи во кој фактор ќе се наоѓа истиот (во топол или студен). Да напоменеме дека поради тоа дека се работи за долгорочна (сезонска прогноза) можни се некои измени на истата и не треба ова да се зема здраво за готово кај нашиот народ туку ваквите прогнози нас најмногу ни служат за резерва (овие прогнози се околу 50 до 60 проценти дека ќе се остварат)“ – вели Попоски.

Попоски вели дека во претстојната зима  нешто постуден би бил месецот декември, но и тогаш би имале релативно просечни температури на воздухот. Според него, рано е да се даде прецизна слика какво лето се очекува во 2018 година.

„Засега е многу рано да зборуваме за лето 2018 тоа ќе го оставиме за следните месеци и ќе работиме на тие прогнози и секако ќе ги испратиме истите до вас,  но мора да кажеме дека може да се очекуваат тропски бранови и многу високи температури на воздухот“ – вели метеорологот.

Летото 2017 беше многу топло, а екстремни 50 степени беа измерени во Мостар во БиХ, и како што пренесоа медиумите од соседството оваа температура ја измерил човек на својот балкон.

Според многу прогнози кои досега беа објавени, климатските промени ќе донесат глад и жед во различни делови од светот и ќе ја поскапат храната. Тие ќе „удрат“ по џебот на луѓето кои произведуваат храна, а овоштарството и другите гранки ќе мора да се прилагодат на вакви услови. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница