Славниот актер Џејми Фокс во промоција на контроверзниот „Белград на вода“
Објавено во: Балкан 03 Март, 2017
Славниот холивудски актер Џејми Фокс кој е добитник и на Оскар при посетата на Србија доби прошетка од градоначалникот Синиша Мали кој му го прикажа новиот мегаломански проект „Белград на вода“.
Според српските медиуми Фокс бил воодушевен од планираните градби, а порачал дека сака наскоро да сними филм во Србија на различни локации, но не открил повеќе детали каква ќе биде продукцијата.
Инаку во Белград постои голема опозиција на проектот „Белград на вода“ со чести протести и иницијативи истиот да биде прекинат бидејќи е многу скап и непотребен, но тоа нема да ја сопре изградбата.
Извор: alo.rs