16 Јануари, 2018
1.5815
    KMB 3051.4    0.8%     MPT 29201    -2.65%     OKTA 3105    -2.26%     RMDEN16 94.1    0.48%     RZUS 103    0%     STB 930    0%     TNB 13200    0%

Следниот месец нов повик за ИПАРД

Објавено во: Агробизнис 09 Декември, 2016

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во јануари 2017 година ќе објави нов јавен повик. 

Тој ќе се однесува за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија  – ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година.

Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.

Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку развој на човечкиот и физички капитал да се подобри безбедноста на храната и способноста на земјоделско-прехранбениот сектор за справување со конкуренцијата на пазарот, како и за постепено усогласување на секторот со стандардите на Европската Унија, особено оние кои се однесуваат на хигиената и животната средина, а во насока на постигнување на рамномерен територијален развој на руралните средини.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020  од јавниот повик се наменети за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во  материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и  диверзификација на фармите и развој на бизниси.