Добивај вести на Viber
Идната година Велика Британија ќе биде домаќин на следниот Самит на НАТО.Како што соопшти генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Рамсусен, членките на НАТО ја прифатиле ваквата понуда.Според Расмусен ова е заначаен настан во историјата на НАТО по успешните Самити во Чикаго и Лисабон, а Алијансата останува силна и подготвена организација за соочување со новите закани.
„Самитот ќе биде шанса за одбележување на крајот на мисијата ИСАФ, што ќе се случи на крајот на следната година, како и за отворање ново поглавје во ангажманот на НАТО со Авганистан. Велика Британија е членка на Алијансата од нејзиното основање и им благодарам на Владата и народот за нивната цврста поддршка за НАТО и нашите вредности и принципи. Јас со нетрпение го очекувам успешниот Самит што ќе го имаме во 2014 година “, додава Расмусен.