Слетал со авион од Германија во Скопје и исчезнал
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2017
Mомче од Тетово на возраст од 29 години изчезнало од аеродромот во Скопје без никаква трага.
Синоќа во 23 часот и 50 минути во Полициската станица Тетово, А.Б.(57) од Тетово пријавил дека на 19 месецов, околу 9 часот на аеродромот „Александар Велики“-Скопје, со авион од Сојузна Република Германија пристигнал неговиот син 29- годишниот А.Б по што му се губи секаква трага.
Пристигнувањето е потврдено од вработените на аеродромот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.