Словенечка „Крка“ го шири бизнисот во Кина
Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2017
Словенечка Крка со кинескиот партнер „Ningbo Menovo Pharmaceutica“ потпишала договор за основање на заедничко претпријатие „Ningbo Krka Menovo Pharmaceutical“.
Со овој договор фармацевтската компанија од Ново Место има 60 отсто, а кинескиот партнер 40 отсто.
Почетниот капитал на компанијата ќе биде 30 милиони евра, а водач е тричлен одбор на директори.
Од „Крка“ велат дека почетниот основен капитал е наменет за финансиранње на развој, откуп на земјиште и изградба на производни објекти за стерилни облици на производи. Производството на готови производи во таблети и капсули, според долгорочниот договор, ќе го осигура партнерот кој веќе има такви можности.
Првиот продажен резултат на производите на „Крка“ во Кина се очекуваат за околу три години, а ќе се произведуваат и некои производи за Европа и за пазарите на „Крка“.