Словенците на државата и должат околу 1 милијарда евра
Објавено во: Балкан 03 Април, 2013
Во Словенија има речиси 16.000 компании кои за неплатен данок на државата и должат речиси 929 милиони евра. Во просек секоја од овие компании или поединци е должен по повеќе од 5 илјади евра, соопшти денеска словенечката Даночна управа.
Од Управата највија и дека до 15-ти април ќе биде соопштен целосниот список со должници. На него ќе стојат имињата на 15.917 лица кои на Даночната управа и должат 5.000 евра или повеќе за период од 90 дена, заклучно со 25 март, пренесоа словенечките медиуми.Засега меѓу должниците има 4.476 правни лица, кои должат 578,07 милиони евра и 11.441 поединци, чии долгови изнесуваат 350,95 милиони евра.
Идејата за објавување на имињата на должниците ја предложи претходната влада во обидот да се намали бројот на затајувачи на данок. Предлогот беше усвоен во ноември минатата година во рамки на измените на актот за даночни процедури.