Случаите Труст, Транспортер и Шпион на СЈО денеска одложени
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2018
Нови одложувања во Кривичен суд на неколку случаи на СЈО, „Шпион“, „Труст“ и „Транспортер“.
За случајот Труст, кој е во доказна постапка, денеска вештакот Радомир Цветковски објаснуваше како се утврдува капацитет на дробилица за јаглен. Во предметот првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан заедно со уште две лица и две фирми за учество на тендер на ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра со фалсификувани документи.
Судењето за „Транспортер“ ќе продолжи на 31-ви јануари. Обвинети се поранешниот градоначалник на Битола и уште 20-тина лица, за злоупотреба на службената положба за организирање превоз на ученици.
За судијата Туфегџиќ прво рочиште за предметот „Шпион“. Меѓу 18-мината обвинети, се и поранешниот полициски генерал Горан Стојков, екс директорот на Управата за спречување перење пари Ване Цветанов и поранешниот висок функционер во УБК, Александар Диневски.
За неделава се закажани уште три рочишта на предмети кои ги води Специјалното обвинителство. Тоа се ТНТ, за уривањето на објектот Космос на бизнисменот Фијат Цановски, потоа Транспортер 2, кој е втор предмет за злоупотреби со превозот во Битола, како и случајот Тарифа за злоупотреба при набавка на софтвер за потребите на АД ЕЛЕМ.