19 Април, 2024
0.0265

СЛУЧАЈ ТРУСТ: Сведокот вознемирен, жестоко реагира на сослушувањето

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Во судот денеска се одржува ново судење поврзано со случајот „Труст“ во кој прв осомничен е бизнисменот Сеад Кочан.

Се сослушуваат сведоци а жестока реакција обвинителот на СЈО слушна од Артан Ајро.

Имено, сведокот Феим Имери не може да ги потврди потписите дали му продал механизација на Кочан.

Сведокот е сопственик на  „Фичо сервис“ . Тој од СЈО доби на увид договори за продажба на багери, лифкери, гасеничари и беше прашан дали неговата фирма навистина ја продала опремата наведена во договорот и дали „Трансмет“ е купувачот.

Како што пишува плусинфо сведокот рекол дека договорот е негов, но не може да се произнесе прецизно што е продадено врз основа на договорот, па од СЈО, за да го потсетат извадија и фактури за наводно продадена механизација и го прашаа сопственикот на фирмата дали ќе може да ги препознае и дали се негови.

„Станува збор за фактури кои „Трансмет“ на Кочан ги навел во тендерската документација за која СЈО вели дека има фалсификувани  документи за поседување градежна механизација и чии ориганали СЈО не можело да ги пронајде во фирмата на сведокот.

Сведокот рече дека фактурите се негови, меморандумот е негов, но за потписите не можеше да потврди. За некои рече дека не може да ги види добро, за друг дека потписот личел на неговиот, но не може да потврди, а посочи и дека досега имал 2-3 различни потписи. Тој не можеше да ги потврди потписите на фактурите, но успеа да го препознае и потврди потписот на документот кој му го издал СЈО кога ги одзело фактурите од неговата фирма“, рекол Имери. 

Во еден момент сведокот на обвинителот Ајро со зборовите: „Вие да не сакате сѐ да ви кажам јас“.

Во случајот „Труст“ според СЈО Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, тројцата нелегално добиле тендер од 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?