Службеничките обвинети во „Тврдина2“ не се чувствуваат виновни
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2017
Постапувавме по наредба на началникот Горан Грујесвки и не чувствуваме вина.
Ова се завршни зборови на обвинетите службенички во случајот „Тврдина2“ каде прв осомничен е екс началникот на УБК Горан Грујесвки.
„Сите овие години работа, постапувавме исклучиво професионално. Наредбите доаѓаа од нашиот претпоставен и немавме право да бираме дали сакаат или не.Наредбата беше таква а оваа работа за некој од нас беше еднствен егзистенцијален приход.“, велат обвинетите службенички од Петтата управа.
Пред нивните завршни зборови, обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска, за Грујевски, кој е првообвинет во случајот, побара најригорозна затворска казна.
Додека за шесте обвинети жени од УБК, кои по наредба на Грујевски ги запалиле архивските материјали, место да ја одбијат наредбата, Ристоска побарала алтернативни, односно условни затворски казни. Ристоска по име, за секоја од шесте обвинети, кажа дека имале беспрекорно однесување во Управата и оти немале дамка во работењето и оти дел од нив се самохрани мајки.