20 Април, 2024
0.1968

Смарт училници - Македонски Телеком спроведува проект за модернизација на образованието

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Почнаа со работа две паметни училници во средните училишта „Д-р Панче Караѓозов“ и „Зеф Љуш Марку“ 

Македонски Телеком стартува нов проект – смарт училници, во кои едукативниот процес ќе се одвива врз основа на паметните технологии. Проектот е во партнерство со Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација.

Со новиот пилот проект започнаа со работа училниците во средните училишта  „Д-р Панче Караѓозов“ и „Зеф Љуш Марку“. Со овој пилот проект, професорите и учениците во образовниот процес, ќе бидат сведоци на примената на новите технологии во едно ново интерактивно  искуство на совладување на едукативниот материјал.

„Нашата компанија, како технолошки лидер во земјата е посветена новите технологии да ги доближи и да ги направи достапни за луѓето и општеството. Овој проект е добар пример во таа насока. Денешните ученици живеат дигитално и потребни им се соодветни алатки за стекнување на знаење и за комуникација со цел да се соочат со модерните предизвици. Смарт училниците се наменети да станат нивна природна средина за учење и стекнување на знаење“ - изјави Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.  

Смарт училниците се базирани на напреден софтвер како „клауд“ решение за полесна интерактивна комуникација помеѓу учениците и професорите, но и за учење од далечина. Преку интерактивни табли и таблети, ќе се постигне поголема интеракција во училницата, полесно следење на развојот на учениците, лесно прилагодување на училишните планови и подобрување на ефикасноста на учебната администрација. 

Овој пилот проект се надоврзува на статегијата на Македонски Телеком за воведување на „паметни” решенија во секојдневниот живот на граѓаните и дигитализација на општеството.

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција