20 Април, 2024
0.0264

Сметките за топлинска енергија отсега достапни и во електронска форма

Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Снабдување со топлина Балкан енерџи ја воведе услугата „е-фактура“ со која потрошувачите добиваат поголема можност за контрола на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите и истовремено придонесуваат за заштита на животната средина.

Снабдување со топлина Балкан енерџи, како кориснички ориентирана компанија која излегува во пресрет на потребите на потрошувачите, ја воведе новата услуга „е-фактура“ со која сметките за потрошена топлинска енергија ќе може да се добиваат по електронска пошта.

Со користење на оваа услуга потрошувачите добиваат поголема можност за контрола на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите. Со неа корисниците на услугите на Снабдување со топлина Балкан енерџи ќе бидат сигурни дека секогаш навремено ќе ги добиваат фактурите за топлинска енергија и ќе имаат можност навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.

Со користењето на услугата „е-фактура“, потрошувачите добиваат сметка во електронска, наместо хартиена форма, и со тоа придонесуваат за заштита на животната средина, како и за други еколошки придобивки.

„Снабдување со топлина Балкан енерџи како одговорна компанија, во континуитет сите свои активности ги реализира според принципите за општествена одговорност и грижа за животната средина. Компанијата работи на подобрување на квалитетот на услугата што е во интерес на потрошувачите, но и во интерес на подобрување на квалитетот на животната средина во Скопје“, велат од Снабдување со топлина Балкан енерџи.

Услугата е достапна за сите корисници кои ќе пополнат, потпишат и достават формулар-барање директно во најблиската подружница. Формуларот може да се најде на интернет страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи http://beg-snabduvanje.com.mk или во сите подружници на Снабдување со топлина Балкан енерџи.Повеќе совети и информации се достапни во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 02/3076-200.


Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција