Смрт во Пјонгчанг-почина 53 годишен маж
Објавено во: Свет 18 Февруари, 2018
53 годишен маж е пронајден мртов во Пјонгчанг.
Организаторите на Зимските Олимписки Игри соопштија дека се работи за срцев удар. Тој бил од Јужна Кореја и работел како преведувач за јапонска радио станица.
Поради почит кон неговото семејство, одлучено е неговото име да не биде откриено за јавноста, а истиот бил пронајден во својата соба од неговиот цимер кој не можел да го разбуди.