Смртни закани за Џорџе Балашевиќ - Чуваат куршум за него
Објавено во: Балкан 08 Јануари, 2017
Беба, ќерката на Џорџе Балашевиќ, откри дека на неговиот татко постојано му стигнуваат смртни закани, а таа најмногу се исплашила откако кажале дека за него чуваат куршум во Бања Лука.
Неговата ќерка е незадоволна што властите не преземаат ништо за да го заштитат Џорџе Балашевиќ и дека ваквите сериозни закани поминуваат неказнето. Пејачот познат како Панонски морнар постојано повикува на мир во екс ју земјите, но секаде се наоѓа по некој националист со вжештена глава.
Претходно смртни закани добиваше и самата Јелена Беба Балашевиќ.