18 Април, 2024
0.0351

Снабдување со топлина Балкан енерџи донира опрема за заштеда на енегија во училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“

Донацијата е во вредност од 120.000 денари, а во висина на овие средства ќе се набави опремата која ќе овозможи заштеда на енергија

Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Снабдување со топлина Балкан енерџи донираше средства за набавка на опрема за заштеда на енергија за Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје. Вредноста на донацијата е 120.000 денари.

„Снабдување со топлина Балкан енеџри секогаш се труди да придонесе за унапредување на различни сегменти во општеството. Овој пат се решивме да ја дадеме нашата поддршка за училиштето „Димитар Влахов“ кое извршува една многу благородна и специфична функција со цел да дадеме придонес за неговото подобро функционирање и унапредувањето на условите во училиштето во интерес на учениците“ – изјави на чинот на предавањето на вредносниот чек Емилија Јакимова Мишева, одговорна за односи со јавност во Снабдување со топлина Балкан енерџи.

Врз основа на потребите на училиштето и со соодветна стручна проценка од страна на Снабдување со топлина Балкан енерџи донацијата ќе се употреби за набавка и инсталирање на на опрема за заштеда на енергија. Опремата ќе придонесе за значајни заштеди на енергија, а средствата кои по оваа основа ќе ги заштеди училиштето ќе може да ги пренамени и искористи за задоволување на други потреби на своите штитеници.

„Наша највисока цел е обезбедување на најквалитетни услови за престој и образование на децата и младинците со оштетен вид. Нашата секојдневна мисија е полесна кога постојат поддржувачи и пријатели како Снабдување со топлина Балкан енерџи. Опремата за заштеда на енергија ќе ни овозможи да пренамениме значајни финансиски средства за задоволување на други потреби на децата и младинците за кои се грижиме, изјави Горанчо Јакимов, директор на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Државното училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ е единствено училиште од ваков вид во Македонија и во него се образуваат 50 ученици од целата држава. Во рамките на училиштето функционира и интернат кој обезбедува престој и постојана грижа за дел од учениците.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година