Снег во уште две држави од Балканот
Објавено во: Балкан 20 Септември, 2017
На врвот Голем Лупоглав во Романија на 1.652 метри височина утрово падна снег.
Снег падна и на планината Јахорина во БиХ, потврдуваат од тамошните хотели.
„Падна снег, но не се задржа долго. Сега нема врнежи“ - велат оттаму.
Во БиХ денеска имаше температури од 15 до 19 степени.
Вчера снег падна и во Словенија, на Триглав и на неколку други локации.