29 Март, 2024
0.0265

Снегот доаѓа, ќе може ли да се скија на Водно веќе оваа зима?

Објавено во: Македонија, Стил 02 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Како што сега стојат работите оваа година тешко дека ќе има организирано скијање на Водно. Оваа најнова туристичка атракција ќе ја види белината на снегот, тогаш кога ќе завршат правните лавиринти за изградбата на патеките, а воедно и кога истрајноста на градските власти и решеноста да се одврзе ќесето ќе се покажат и во практика. Првиот снег е на прагот, со што е исполнет и еден од главните предуслови за изградба на ски- патеката на планината Водно. Иако на почетокот на откомври годинава, со изработката на урбанистичкиот план од страна на општина Карпош, за делот каде што ќе се простира патеката, работите како да мрднаа од мртва точка. Но, месец и половина подоцна, сега повторно молк. За нацрт планот за Деталниот урбанистички план за воннаселено место Водно, имаше и јавна анкета на која граѓаните трабаше да се изјаснат, но како што велат од Карпош, до 22 октомври до кога траеше анкетата никој не се јавил. За да почне реализацијата на ски-патеката треба да се донесе ДУП-от. Сега изработениот нацрт план се наоѓа на мислење во Министерството за транспорт и врски, па дури откако, од таму ќе се изјаснат, повторно се враќа на гласање во општината Карпош. Засега не е познато, кога планот ќе добие зелено светло од транспорт ниту пак на која седница на Карпош ќе биде поставен на дневен ред за гласање. Од општината уверуваат дека веднаш штом добијат мислење од министерството ќе го стават на гласање. Од Градот Скопје не откриваат детали, единствено велат дека услов за почнување на постапките околу ски-патеките на Водно е измената на планот во Општина Карпош. Постапката е во тек и штом добиеме известување за измените ќе се пристапи кон реализација на овој проект, објаснуваат од Градот. Откако општината ќе го изгласа планот, тогаш Градот Скопје ќе распише тендер за избор на концесионер, за што  се подготвува тендерската документација. Но, како што сега стојат работите, за првиот снег сигурно, а се поверојатно и оваа зимска сезона,  љубителите на скијачките спортови, нема да можат апетитите да си ги задоволат на патеките на Водно. Идејата се најави уште во 2009 година Градот помпезно ја најави изградбата на ски-центарот уште во 2009 година.Но дури лани интензивно се бараа консултантски куќи, што ќе ја изработат сту­ди­ја­та за овој про­ект. По не­кол­ку не­ус­пеш­ни тен­де­ри за из­бор на кон­сул­тан­ти, гра­до­на­чал­ни­кот на Скоп­је, Ко­це Тра­ја­нов­ски, од­лу­чи да ја скра­ти про­це­ду­ра­та и во март ми­на­та­та го­ди­на склу­чи до­го­вор во че­ти­ри очи со ав­стри­ска­та про­е­ктант­ска ку­ќа „Су­фаг спорт“, ко­ја ја за­дол­жи да изра­бо­ти про­ект и да нај­де за­ин­те­ре­си­ра­ни ин­ве­сти­то­ри, за што од град­ска­та ка­са се изд­во­и­ја око­лу 165.000 евра. Се изработи и сту­ди­ја­та за оправ­да­но­ста на про­е­ктот и инвестицијата, ко­ја се по­ка­жа де­ка по­стои мож­ност за ски­јач­ка па­те­ка на Вод­но. И во буџетот за 2013 година за Град Скопје, предвидени се вкупно близу 114 илјади евра за консултанстки услуги за подземната сообраќајница, трамвајот, реклами, ски-патеката. За опозицијата проектот е промашена, а за Градот профитабилна инвестиција Проектот уште при најавата наиде на остри критики од опозициските советници, кои предупредува дека не­ус­пеш­но­ста на два­та тен­де­ри за из­бор на кон­сул­тан­ти е до­каз де­ка се из­би­ра фир­ма бли­ска до град­ски­те вла­сти. Тие и сега цврсто стојат на ставот, дека се работи за уште ед­но рас­ип­нич­ко тро­ше­ње на град­ски­те па­ри во вре­ме на фи­нан­си­ска кри­за и де­ка про­е­ктот е то­тал­но не­из­др­жан, а ин­ве­сти­ци­ја­та ќе би­де за­гу­бе­на би­деј­ќи ски-па­те­ка­та е пла­ни­ра­но да се на­о­ѓа на јуж­ни­те па­ди­ни на Вод­но и не­ма да има до­вол­но снег. На та­кви­те ар­гу­мен­ти гра­до­на­чал­ни­кот уште ла­ни нај­а­ви де­ка е мож­но при­род­ни­от да се за­ме­ни со ве­штач­ки снег. - Се сомневаме во истрајноста на проектот, пред се по­ра­ди вре­мен­ски­те ус­ло­ви, бидејќи па­те­ка­та е пла­ни­ра­на на јуж­ни­от дел од Вод­но. Баравме да се направи и  анализа на снежни денови, со цел да се види, дали реално ќе опстои патеката. Или, пак, кон­це­си­о­не­рот ве­ро­јат­но ќе тре­ба да на­ба­ву­ва снеж­ни то­по­ви, што прет­ста­ву­ва до­пол­ни­тел­ни огром­ни тро­шо­ци - ве­ли Александар Наумовски, советник од СДСМ во Град Скопје Предвидено е ски-патеката да се про­те­га од вр­вот на Вод­но од дес­на­та стра­на на „Ми­ле­ни­ум­ски­от крст“, во пра­вец кон Не­ре­зи, ка­де што и пред два­е­се­ти­на го­ди­ни има­ло ва­ква па­те­ка за ски­ја­ње. И по­крај кри­ти­ки­те, град­ски­те вла­сти сме­та­ат де­ка про­е­ктот ќе би­де про­фи­та­би­лен би­деј­ќи ќе би­де атрак­ци­ја за ту­ри­сти­те и во зим­ски­от и во лет­ни­от пер­и­од од го­ди­на­та.   С.Ј

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор