23 Април, 2024
0.0277

СНИМАЊЕ НА КУБА: “Крајот на времето“ – нов филм на Милчо Манчевски

Објавено во: Македонија 27 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Снимен на Куба, како американсkо-кубанска копродукција, без учество на Македонија, режисерот Милчо Манчевски за “Фактор“ открива ново филмско остварување.

„Крајот на времето“ е новиот експериментален краток филм на режисерот  Манчевски, кубанско-американска копродукција, кој ќе биде премиерно прикажан во официјалната селекција на филмскиот фестивал Аспен Шортфест 2017 на 5 април 2017. Аспен во Колорадо во светот на филмската индустрија се смета за еден од најреномираните фестивали на краткометражен филм кои се квалификуваат за наградата Оскар.

„Крајот на времето“ е опишан како експериментален филм за оној хипнотизирачки миг во еден обичен, скромен вторник, кога човек сфаќа дека времето запрело и светот е вшмукан во една единствена насмевка.

Филмот е снимен во Сан Антонио Де Лос Бањос, на Куба, а пост-продукцијата во Њујорк и Македонија. Ова е една од првите американско-кубански копродукции, која започна пред неодамнешното затоплување на односите меѓу двете земји.

За “Фактор“, режисерот Манчевски вели дека во реализацијата на овој нов филмски проект, Македонската Агеција за филм и македонското Министерство за култура воопшто не учествуваат.

’Крајот на времето’ е филм кој може комотно да се претстави во музеј или галерија наместо во кино-сала. Во него продолжувам да ја истражувам крстосницата каде што вистината и прикаската се вкрстуваат,  преклопуваат и судираат; овој пат на минималистички начин“, вели Манчевски.

Директор на фотографија е Ален Лопез Мартинез, монтажер Кристина Поженел, автор на музиката и тонскиот дизајн Игор Василев Новоградска, визуелните ефекти се на Мишо Ристов Рекс, а колор грејдингот на Мајкл Двас.

Долгометражните филмови на Милчо Манчевски се добитници на бројни меѓународни награди, меѓу кои и Златниот лав во Венеција, Номинација за Оскар, Давид ди Донатело, Златна бубачка, ФИПРЕСЦИ, УНЕСКО, итн. Неговите кратки форми исто така имаат добиено награда на МТВ за видео, награди за експриментален филм, награди за спотовите Македонија вечна, итн. Њујорк тајмс го вброи неговиот филм “Пред дождот“ во 1.000 најдобри филмови на сите времиња. Тој исто така има режирано и на серијатаTheWireза Ејч-Би-О.

Д.Д.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето