29 Март, 2024
0.0265

Со апликација на ДИК иселениците полесно до гласање на изборите

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Државната изборна комисија ја пушти во употреба новата интернет апликација со која иселениците и тие што се на привремено на работа во странство ќе може полесно да го остварат правото на глас со внес на своите податоци и наоѓање на место за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

Адмир Шабани, советник за едукација во Државната изборна комисија, денеска на прес-конференција рече дека станува збор за активност која ДИК ја прави првпат оваа година и за овие избори со цел на граѓаните кои се на привремена работа или престој во странство да им овозможи полесен начин на пријавување за гласање за да го остварат своето право на глас.

Апликацијата, истакна, е многу едноставна и нуди единствена опција при почетокот на пополнување на пријавата со тоа што во делот на матичниот број се вметнува само матичниот број на граѓанинот и заради заштита на самата апликација има броеви кои ја нудат таа заштита.

– Во истиот момент кога се кликнува за да се продолжи со натамошните чекори апликацијата ги генерира останатите податоци кои се ставени во Избирачкиот список, значи податоците на самиот граѓанин – име и презиме, а во делот на реалните податоци ќе се покаже и името на еден од родителите, рече Шабани.

Посочи дека доколку има повеќе од една канцеларија, амбасада или претставништво, во полето за избор на ДКП каде ќе гласа граѓанинот, тој го избира местото каде сака да го оствари своето право на глас.

Во моментот кога граѓанинот ја испраќа пријавата, појасни, таа пристигнува до ДИК и почнува фазата на нејзина обработка. Согласно Изборниот законик, како што рече, ДИК е должна во рок од 24 часа од моментот на приемот на пријавата да даде одговор на граѓанинот кој ја поднел во врска со статусот на пријавата.

Од Државната изборна комисија информираа дека во тек е пријавувањето за гласање за предвремените избори за пратеници во Собранието на РМ, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, односно конзуларните канцеларии.

Заклучно со денеска до 14:00 часот можноста за пријавување преку електронската апликација ставена во веб страната на Државната изборна комисија, ја искористиле вкупно 11 граѓани на Република Македонија, од кои 10 пријави се прифатени, додека една пријава е во фаза на обработка.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница