23 Јуни, 2017
0.1567

Со читање на приказните од едицијата „Бајки од Македонија“ одбележан Светскиот ден на раскажувањето

Објавено во: Мои пари 20 Март, 2017

Со читање на приказните од едицијата „Бајки од Македонија“ пред првачињата од основното училиште „Коле Неделковски“ во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се одбележа Светскиот ден на раскажување приказни. Наратори на приказните од македонското народно творештво беа младите актери Теоман Максут и Миа Кантарџиева, кои на уметнички начин, со фолклорни елементи, им ги доближија македонските народни приказни на најмладите.

„Со овој настан наша цел е кај најмладите да ја поттикнеме навиката за читање и да ја разбудиме нивната фантазија, како основа за правилен мислечки и креативен процес. Читањето приказни во детството во голема мера придонесува за зголемување на интересот за читање книги и во детската возраст, но и подоцна во животот“, истакнаЖаклина Угриновска, раководител во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје.

Едицијата „Бајки од Македонија“ е проект реализиран од Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“. Еден од главните приоритети на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ е да создава нови модерни производи инспирирани од македонската традиција, а во нивната креативна изработка да им даде шанса на млади талентирани луѓе од Македонија, како што беше случај и со оваа едиција. Илустрациите на приказните во едицијата „Бајки од Македонија“ ги изработи младата дизајнерка Катерина Николовска, која беше избрана на јавен конкурс.

„Традицијата што ја поседува Македонија во различни сегменти е огромен извор на идеи. Дел од нив се помалку заборавени или не се атрактивни за современиот човек. Но, наша цел е од овие идеи да создадеме нов модерен производ со современ печат, а во процесот на нивно креирање да им дадеме можност на младите талентирани луѓе. Едицијата ’Бајки од Македонија‘ многу скоро по своето излегување беше одлично прифатена од сите генерации, а што е најважно, овој проект помогна во создавањето на читачки навики кај најмладите, за што многу придонесе и современиот дизајн“, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ –  „Браво сине“.

Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четирите бајки –„Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и 12-те месеци“ и претставува модернизирана и адаптиранаформа на приказни од македонското народно творештво собрани од Марко Цепенков и од Танас Вражиновски. Во изборот на бајките учествуваше и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

За да го дадат свој придонес кон збогатување на книжевниот фонд во библиотеките и да ги направат достапни за поголем број читатели, приказните од едицијата „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс Ламина“, во чиешто издание е едицијата, на градските библиотеки во Македонијаим донираа 40 комплети.


„Детската литература е еден од нашите фундаменти на којшто сериозно му е посветен цел тим професионалци од различни области. Создавање на нова читачка публика е многу важно за нас, но истовремено читањето и желбата за нови знаења е важно и за општеството како целина, бидејќи така се создава основа за иден развој на сите полиња. Едицијата ’Бајки од Македонија‘ е токму одраз на овие наши заложби. Оваа едиција е една од најбараните во нашите продажни места, а доживеа и неколку реизданија за краток временски период, што е вистински показател за огромната прифатеност од читателската публика“, истакна Бранка Бугариска, раководител на издаваштво  во „Арс Ламина“.

Едицијата „Бајки од Македонија“ беше претставена на еден од најголемите светски саеми на книгата, на Саемот во Франкфурт,со превод на англиски јазик, со што станува достапна за широката читателска публика на светскиот пазар.

Можеби ќе ве интересира

Иџе со шампионски амбиции во Португалија

Иџе со шампионски амбиции во Португалија

Социјалното претприемништво како глобален фактор за економски развој ја зафаќа и Македонија

Социјалното претприемништво како глобален фактор за економски развој ја зафаќа и Македонија

Акциите на Тесла можат да пораснат на 1000$ до 2020 год., изјави Рон Барон + Бесплатен Водич "Како да тргувате со цената на акциите на Тесла"

Акциите на Тесла можат да пораснат на 1000$ до 2020 год., изјави Рон Барон + Бесплатен Водич "Како да тргувате со цената на акциите на Тесла"

UEFA на својата официјална веб страница со сторија за македонските фудбалски херои

UEFA на својата официјална веб страница со сторија за македонските фудбалски херои

Попусти и голема забава со бесплатни коктели викендов на Late night shopping

Попусти и голема забава со бесплатни коктели викендов на Late night shopping

Агенцијата Њу Момент освои три лава на почетокот на Канскиот фестивал

Агенцијата Њу Момент освои три лава на почетокот на Канскиот фестивал

ОКТА ја продолжува успешната соработка со Централниот депозитар за хартии од вредност

ОКТА ја продолжува успешната соработка со Централниот депозитар за хартии од вредност

Македонија ќе вкуси залче од светски вкусови: ГастроМак најави голем интернационален кулинарски настан

Македонија ќе вкуси залче од светски вкусови: ГастроМак најави голем интернационален кулинарски настан

Иницијатива: PayPal за продажни места во Македонија

Иницијатива: PayPal за продажни места во Македонија