СО ИЛИ БЕЗ ЕУ: Се „запали“ уште една земја
Објавено во: Свет 09 Септември, 2017
Во пресрет на изборите и во Норвешка се отвара дебата за националните вредности, за тоа кои се обврските кон ЕУ, кон мигрантите и барателите на азил.
Во Осло ја гледаат Британија како пример за прекинување на секакви односи со ЕУ.
Оваа популистичка позиција станува популарна во земјата.
„ЕУ е елита која зема премногу моќ од нашиот парламент. Мислиме дека тоа пренесува преголем суверенитет и бирократија во Брисел“ - вели Сигве Слагслов Ведум од Центристичката партија.
Ведум вели дека во Норвешка сиуацијата е многу помалку драстична од Брегзит.