Со испуштање на податоци во CV ќе испуштите и работно место
Објавено во: Финансии 18 Мај, 2017
Кога пишувате CV сакате да се прикажете во најдобро светло.
При тоа не треба да заборавите податоци кои вас ви се чинат неатрактивни.
Мора да имате датум на раѓање, работно искуство, а се кршат копја за тоа дали треба да се наведе и брачен статус.
За брачниот статус дури и работодавецот не смее да ве прашува.
Многу луѓе не го пишуваат секое работно искуство затоа што позицијата не им се допаѓа, не биле пријавени, кријат каде работеле и добиле отказ, а ако долго не работеле тоа дава лоша слика за нив.
Ако немате наведено датум на раѓање ќе покажете дека сте непрофесионални.
Доколку овој податок го немате ќе покажете дека не сте заинтересирани за работата и затоа сериозно не сте го средиле вашето CV.